29/03/2024
Охрид

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев во работна посета на Општина Охрид

Во рамките на денешната работна посета на Општина Охрид, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, имаа средба со в.д градоначалникот Константин Георгиески и секретарот Игор Бежоски. На средбата  се разговараше за поддршката на  Владада на Република Македонија на  тековните проекти и развојните програми  на Општина Охрид.

Во рамки на посетата, со почеток во 12:30 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ Заев и Сугарески учествуваа на отворената трибина „Силна економија – шанса за сите“, а потоа ја посетија  фабриката „ Костал“.