25/04/2024
Македонија

Премиерот Заев и поранешниот премиер на Бугарија Костов

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска го прими во посета поранешниот премиер на Република Бугарија Иван Костов, кој се заблагодари за можноста да се сретне со премиерот Заев и да разменат мислења од важност за соседските односи меѓу двете земји, за регионот, како и за перспективите на нашата земја во однос на нејзината европска интеграција.

Поранешниот бугарски премиер Костов, во чиј мандат неговата земја ги започна преговорите со ЕУ, на средбата а истакна храброста и прогресивните политики на премиерот Заев кои на земјата и донесоа членство во НАТО, изгледни перспективи во процесот за членство во ЕУ, како и сериозен придонес за стабилноста и развојот на регионот, со одлучноста во решавањето на спорот со Република Грција со Договорот од Преспа.

Овие промени во регионот се и од огромно значење за натамошниот развој на односите меѓу Република Македонија и Република Бугарија, особено во делот на економската соработка и во соработката на инфраструктурните проекти за поврзување од Коридорот 8.

На средбата се разменија ставови и искуства на поранешниот премиер на Р. Бугарија Иван Костов во однос на одделни прашања од процесот на зачленувањето на во ЕУ, кои се однесуваат и на неопходните внатрешни реформи и политики за постигнување на економски раст и развој.