25/04/2024
Македонија

Премиерот Заев на прошталната средба со амбасадорот на САД Бејли

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев го прими во проштална посета амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Џес Бејли.

Премиерот Заев на средбата ја изрази неговата лична, благодарноста на Владата на РСМ и на граѓаните на нашата земја за активниот придонес на амбасадорот Бејли за време на неговиот мандат, во еден исклучително значаен период кога поддршката на САД, како стратешки партнер на Република Северна Македонија, беше од огромна важност во процесите за нашето членство во ЕУ и НАТО.

Амбасадорот Бејли, од своја страна, истакна дека му е особено драго што за време на неговиот мандат, со решавање на спорот со Грција и со Договорот од Преспа, Република Северна Македонија направи историски исчекор за кој беше неопходно покажаното лидерство на челните луѓе на владите на двете земји, што САД и Претседателот Трамп, го оценија како значаен придонес за постабилна и попросперитетна иднина на двете земји и за целиот регион.

На оваа проштална средба, Претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев, на амбасадорот Бејли му подари фотографија со посвета од една од нивните бројни меѓусебни средби во знак на сеќавање за извонредната соработка.