20/04/2024
Македонија

Премиерот Заев на средба со претставници на реномираната европска адвокатска групација ЦМС

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска се сретна со претставници на реномираната адвокатска групација ЦМС со седиште во Брисел, претставена преку извршниот директор Корнелиус Бренди, и Мајкл Бауер и Марта Вејсели од канцеларијата за европско право.

Претставниците на европската адвокатска компанија со премиерот Заев разговараа за нивното правно искуство во локални и прекугранични проекти и спорови, кои ги остваруваат преку својата мрежа од околу 5.000 адвокати и правници.

Премиерот Заев, оценувајќи дека Македонија треба да го искористи моментумот и реалната шанса која сега ја има за исполнување на стратешката цел – почеток на преговорите и зачленување во Европската унија, рече дека секоја правна помош кон европскиот пат е добредојдена.

Премиерот Заев со адвокатите разговараше за предизвиците кои ги имаат домашните и странски компании и инвеститорите, како на локалниот така и на европските пазари на капиталот, заклучувајќи дека експертизите на големите организации можат многу да помогнат во разни индустриски и други сектори.