25/04/2024
Македонија

Премиерот Заев на средба со претставници од карате клубови од Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Дарко Каевски и советниците за спорт, остварија средба со претставници на Карате клубови од Македонија.

На средбата беше разговарано за предизвиците со кои се соочуваат карате клубовите во своето работење, како и предлози за конструктивно надминување на пречките, со цел развој на квалитетни спортски клубови и спортисти од областа на каратето.

Директорот на АМС, Каевски, ги извести претставниците на КФМ за конкретните чекори кои се преземаат од страна на Агенцијата за решавање на проблемите во КФМ и други спортски федерации во земјава. Тој во текот на средбата истакна дека најдоброто решение ќе произлезе од заедничките средби на сите засегнати страни.

На средбата Премиерот Заев ги задолжи директорот на АМС и советниците за спорт да ги искористат сите алатки во нивна надлежност за да се решат отворените прашања во интерес на спортистите.