19/04/2024
Македонија

Премиерот Заев патува во Вашингтон на средба со потпретседателот на САД Мајк Пенс

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев патува за Вашингтон каде на 20 септември ќе има билатерална средба со потпретседателот на САД, Мајк Пенс.

Средбата ќе се реализира на покана на потпретседателот Пенс, а на неа ќе се разговара за напредокот на Република Македонија кон членството во НАТО.