28/03/2024
Македонија

Премиерот Заев се сретна со претставници на група на сметководители

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со претставници на независна група на сметководители, кои му ги изложија своите сугестии кои сметаат дека треба да се внесат во новото законско решение кое ја регулира оваа сфера.

Премиерот Заев, кој беше придружуван од претставник на Министерството за финансии ги ислуша барањата на групата сметководители, истакнувајќи дека Владата со сериозност пристапува кон изготвувањето на новиот Предлог-закон за вршење на сметководствени работи и додаде дека ресорното Министерство ќе ги разгледа можностите за надминување на забелешките кои беа изнесени од неколку сметководители.