20/04/2024
Македонија

Премиерот Заев со менаџментот на осигурителната компанија „Триглав“

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев придружуван од министерката без ресор, задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, прими делегација на менаџментот на компанијата „Триглав“, осигурителна и финансиска група во Словенија и регионот Адрија и еден од лидерите во Југоисточна Европа, во оваа сфера.

Тричлената делегација, предводена од Барбара Смолникар, членка на управата на холдинг компанијата „Заваровалница Триглав“ со седиште во Љубљана, го информираше премиерот Заев за тековните бизнис активности на компанијата и изрази интерес за влез на македонскиот пазар во областите во кои сега не се присутни.

Премиерот Заев ги поздрави намерите на компанијата, изразувајќи охрабрување за секоја нова инвестиција во Македонија, која ќе донесе нови работни места, додавајќи дека здравата конкуренција е дополнителен мотив за успешна работа на компаниите во земјата.