20/04/2024
Македонија

Прентовиќ: Со мерката ,,зелена нафта” 200 милиони денари ќе завршат кај околу 55.000 земјоделци

Прес конференција,Татјана Прентовиќ, пратеничка на СДСМ и коалицијата

Неготино, 09.02.2019

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, преку Владата и парламентарното мнозинство, покажува што значи вистинска грижа кон земјоделците.

Новите развојни мерки и програми обезбедуваат целосна и навремена поддршка, намалени трошоци, а со тоа и повеќе пари кај земјоделците.

Годинава, за првпат се воведува субвенцијата за набавка на гориво за земјоделска механизација, популарно наречена „зелена нафта“. Со што се реализира уште една мерка од Програмата на Владата во интерес на земјоделците.

Со мерката „зелена нафта“ земјоделците што имаат поледелски, градинарски, овошни култури и лозови насади добиваат поддршка од 30 отсто од трошоците за набавка на нафта за земјоделската механизација.

Со ова финаниско олеснување на земјоделците, им се намалуваат трошоците за производство, со што остануваат дополнителни пари во нивниот домашен буџет.

Вкупната државна поддршка за мерката изнесува 200 милиони денари или околу 2 милиони евра, а со неа ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци.

Покрај оваа мерка, усвоени се нови програми што обезбедуваат зголемена помош, повеќе пари и за овоштарите, поледелците, сточарите, производителите на ориз, млеко и сончоглед.

Остануваме посветени на спроведување на земјоделските политики што обезбедуваат повисока дирекна и индирекна помош, поголема контрола и одговорност и на државата и на земјоделците. Воведуваме мерки што ќе го унапредуваат, развиваат и постепено ќе го прилагодуваат земјоделството кон стандардите на европската унија со цел развој, конкурентност и повисок приход во една од најзначајните гранки во нашата држава.