20/04/2024
Македонија

Преподобна Теодора Александриска

Преподобна Теодора Александриска

Од Александрија, жена на млад маж. Наговорена од некоја бајачка, таа изврши прељуба со друг човек. И веднаш совеста почна луто да ја гризе. Си ја исече косата и се облече во машка облека, па стапи во машкиот манастир Октодекат под машкото име Теодор. Нејзиниот труд, пост, бдеење, понизноста и плачното покајание ги восхитуваа сите браќа. Наклеветена од некоја блудна девица дека е од неа обесчестена и забременила, Теодора не сакаше да се оправдува, сметајќи го тоа како казна Божја за својот поранешен грев. Избркана од манастирот таа седум години помина пребивајќи по шуми и пустини, притоа негувајќи го и детето на онаа блудница. Ги победи сите ѓаволски искушенија: не сакаше да му се поклони на сатаната, не сакаше да прими јадење од рацете на еден војник, не сакаше да ги слуша советите на мажот ? да му се врати – зашто сето тоа беше само ѓаволски привид и штом Теодора ќе се прекрстеше со крстот, с ? исчезнуваше како чад. По седум години игуменот ја прими во манастирот, каде што проживеа уште две години, па се упокои во Господ. Дури тогаш дознаа монасите дека е жена, а на игуменот му се јави ангел и с ? му објасни. Нејзиниот маж тогаш дојде на погреб и до смртта остана во келијата на својата некогашна жена. Света Теодора имаше голема Божја благодат: скротуваше ѕверови, исцелуваше болести, изведе вода во сув бунар. Така ја прослави Бог вистинската покајничка којашто долготрпеливо се каеше девет години за само еден грев. Се упокои во 490 година.