25/04/2024
Македонија

Престанува да важи забраната за сообраќај на тешки товарни возила на Плетвар и Буково

Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар престанува да важи од 07:45 часот. Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Буково престанува да важи од 08:30 часот.

На 26.02.2018 година од 04:00 часот на магистралниот пат „Крива Паланка – Деве Баир“, поточно на излезот од градот, воведена е забрана за сообраќај на тешки моторни возила.

На 26.02.2018 година од 03:00 часот на регионалниот пат „Валандово – Дојран“ кај крстосница Фурка, воведена е забрана за сообраќај на тешко товарно возило поради попреченост на товарно моторно возило.

На 26.02.2018 година од 00:45 часот на регионалниот пат „Македонски Брод – Прилеп“ на планинскиот превој „ Барбарос“ воведена е забрана за сообраќај на тешки моторни возила.

На 25.02.2018 година од 20:25 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато.

На 25.02.2018 година од 17:30 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража.

На 25.02.2018 година од 16:55 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Пресека.

На 25.02.2018 година од 16:00 часот, поради врнежи од снег, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан.

На 25.02.2018 година од 13:20 часот на патниот правец Маврово – Дебар воведена е забрана за движење на тешки товарни возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На сите сообраќајни патни правци во државата врне снег. На сите патни правци има остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните служби.

Поради појава на магла видливоста е намалена од 15 до 20 м на Попова Шапка.