20/04/2024
Охрид

Претрес во Охрид, запленети дрога и оружје

На 23.04.2021 во 19.30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.Т.(57) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, шприц со хашишово масло, пиштол марка „VZOR 50“ калибар 7,65 мм, неколку куршуми калибар 7,65 мм и една празна рамка за пиштолот.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени пријави по член 215 и член 396 од Кривичниот законик.