11/03/2026
Струга

Претрес во Струга, пронајден пиштол и куршуми

На 14.07.2025 во 11:00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга од слобода го лишија Е.Б.(69) од Струга.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се пиштол  „Browing“ со калибар 7,65 милиметри и 16 куршуми, кои нелегално ги поседувал.

Воедно, поради предвидено поведување управна постапка, одземени се и 164 куршуми, две ловечки пушки, еден пиштол и едно пневматско оружје, за кои поседувал соодветна дозвола.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од кривичниот законик „недозволено изработување, држење и тргување со оружје, муниција или распрскувачки материи“.


WebOhrid / 15.07.2025 / МВР