24/04/2024
Охрид

Претседателот Иванов на отворањето на 12. Македонска национална извидничка смотра во Скребатно

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов се обрати на отворањето на 12. Македонска национална извидничка смотра, што под негово покровителство, а во организација на Сојузот на извидници на Македонија, се одржува од 12 до 22 јули во близина на охридското село Скребатно.

На годинешната смотра учествуваат повеќе од 1000 извидници. Покрај македонските извидници, на смотрата учествуваат и извидници од Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Израел, Молдавија, Русија, Словачка, Словенија, Србија, Украина, Франција, Хрватска, Црна Гора и Чешка.

Смотрата е најголемиот настан кој го организира еден сојуз и истиот претставува голем собир на извидници и млади во еден камп. Програмата на смотрата се состои од 117 едукативни работилници поделени во области од животни вештини, цели за оддржлив Развој, интеркултурен дијалог, предизвици, природа и авантура. Покрај работилниците смотрата ќе обезбеди и платформа за форуми, дискусии и размени на култури.