29/03/2024
Македонија

Претседателот Иванов на средба со Лилјана Танги, пратеничка во Националното собрание на Француската Република

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ја прими г-ѓа Лилјана Танги, пратеничка во Националното собрание на Француската Република.

На средбата се разговараше билатералните односи меѓу Република Македонија и Француската Република, за актуелните состојби на политички план како и за натамошната француска поддршка во однос на македонските евроинтеграции.

Во тој контекст, претседателот Иванов се заблагодари за поддршката што Француската Република континуирано и ја дава на Република Македонија на патот кон нашето целосно интегрирање во европските и евроатлантските структури и истакна дека Република Македонија е цврсто определена за натамошно зајакнување на пријателските односи со Француската Република.

Македонскиот претседател ја поздрави меѓупарламентарната соработка и изрази подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво.

Претседателот Иванов изрази задоволство од средбата со г-ѓа Лилјана Танги која што е прва пратеничка во Францускиот парламент од македонско потекло, посакувајќи и успех во нејзината работа.