20/04/2024
Македонија

Претседателот ја откажува посетата на Рим, Ватикан по повод чествување на Св. Кирил и Методиј

Државните делегации на Република Северна Македонија и Република Бугарија веќе неколку години заедно оддаваат почит на 24 Mај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, положувајќи цвеќе кај базиликата „Санта Маџоре“ како и на гробот на свети Кирил во базиликата „Свети Климент“ во Рим и Ватикан.

Имајќи ја предвид пандемијата на Ковид – 19, како и фактот дека Република Италија е една од земјите која се соочува со големи предизвици, кабинетите на претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Република Бугарија, Румен Радев донесоа одлука дека одбележувањето ќе го поместат во втората половина на 2020 година кога условите тоа ќе го овозможат, на соодветен ден и датум.