Претседателот на Европската шаховска унија на прием во АМС
Претседателот на Европската шаховска унија, Зураб Азмајпарашвили и претставници на Македонската шаховска федерација (МШФ) остварија средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Дарко Каевски.
Целта на посетата на претседателот на Европската шаховска федерација е потпишување на договор за реализација на Европско поединечно шаховско првенство во Скопје во март, 2019 година.
На Европското поединечно првенство во 2019-та, се очекува да учествуваат околу 300 шахисти од сите европски држави, а по две години, односно во 2021 година, Скопје е избран за домаќин и на екипното ЕП за мажи и жени.
Каевски ја истакна потребата од решеност и заложба за превземање неопходните мерки во насока на успешна организација на ова Европско првенство во шах, но и за зајакнување на капацитетите и подобрување на условите за работа на МШФ во иднина.