25/04/2024
Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски оствари средба со германскиот пратеник, Мануел Саразин

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, придружуван од Тимчо Муцунски, денес (06.03.2018) оствари средба со германскиот пратеник, Мануел Саразин, кој е член на Комисијата за надворешна политика на Германскиот Бундестаг.

На средбата двајцата соговорници се осврнаа на стратешките односи помеѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија. Мицкоски се заблагодари за севкупната поддршка дадена од СР Германија за евроатланската интеграција на нашата земја.

Мицкоски го информираше Саразин за актуелната политичка состојба во нашата земја и нагласи дека политичките притисоци кои се вршат врз граѓаните од партиите на власт се неприфатливи за развој на демократско општество.

Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која силно ја поддржува евроатланската интеграција на Република Македонија како национален и стратешки приоритет.