20/04/2024
Охрид

Претставата „Аналфабет“ во петок пред охридската публика

Во петок (15 декември) со почеток во 20:00 часот, Народниот Театар Охрид ќе ја одигра хит комедијата „Аналфабет“, работена според Бранислав Нушиќ, а во режија: Ѓорѓи Ризески.

Во претставата играат актерите на Народниот театар од Охрид: Горан Стојаноски – Максим Благадуша, Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија, Адријана Тодороска – Магдалена Лапајкоска – Дупева.

Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при Н.У.Ц.К. Григор Прличев – Охрид

Претставата не е за лица помлади од 14 години, во истата се користат пиротехнички средства.