Претставата „Хотел ни на небо ни на земја“ викендов пред охриѓани

НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид / Народен Театар Охрид ја најавуваат новата претстава „Хотел ни на небо ни на земја”.

Претпремиера на претставата ќе има во петок 29.11.2019 година, со почеток во 20:00 часот, а ќе чини  200 денари.

Премиера ќе има во  сабота 30.11.2019 година, со почеток во 20:00 часот, а ќе чини  250 денари.

Автор на претставата е Ерик-Емануел Шмит, а истата е во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

Во истата играат: Жулиен Портал – Никола Тодороски, Магионичарот Раџапур – Стрезо Стаматовски, Доктор С – Адријана Билаловиќ Тодороска, Претседателот Делбек – Ивица Цонев, Лора – Ирена Илиевска, Мари – Елизабета Стефановска, Момче во бело – Стефан Николиќ, Девојка во бело – Мила Коруновска.

Сценограф: Валентин Светозарев, Костимограф: Андреј Ѓоргиевски, Композитор на музика: Марјан Неќак, Превод: Љупчо Ѓоргиевски, Дизајн на плакат: Валентин Светозарев, Инспициент: Филип Ангеличин – Жура, Технички раководител: Зоран Левески, Светло: Борис Велјаноски, Тон: Митко Серафимоски, Гардероба: Деса Лазороска, Линдита Мерко, Реквизита: Соња Крстаноска, Маријана Николоска, Сценски декоратери: Кире Ангелоски, Ѓоко Китоски, Горан Георгиески.

Картите се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066