19/04/2024
Македонија

Претставата „Идиот“ утревечер пред публиката во Струмица

На репертоарот на Театарот „Антон Панов“ во Струмица утревечер (15 март) со почеток во 20 часот е претставата „Идиот“ од Фјодор М. Достоевски, во режија на Горан Тренчовски. Настапуваат актерите:  Игор Тодоров, Кољо Черкезов и Јулија Милкова …

Сценографијата за претставата ја изработи Милена Пантелеева, костимите се дело на  Ванчо Василев, музика на Марјан Неќак, а драматизацијата, преводот и адаптацијата (според верзијата на Анджеј Вајда) ја направија Ацо Гогов, Никола Сарајлија и Горан Тренчовски.
Во најавата за претставата се појаснува дека претставата „Идиот“ е драмски игропис за кризата на духовниот идентитет.
„Меѓу другото, се обидуваме да одговориме на неколку клучни егзистенцијални прашања: дали постои чесност;каде сме, каде одиме; колку вреди да се застане во одбрана на убавината; до каде може да стигне лудилото, иво тие драматично возбудливи мигови, кога на Едниот, атеистот, му се случува поматување на умот, сведочиме за постапките на Другиот,следбеникот на Христос…
LUMEN COELI, SANCTA ROSA! Во име на Вашата и наша сценска правдољубивост и во знак на 150-годишнината од првата објава на ова ремек-дело на генијалниот Достоевски“, стои во најавата за претставата која утревечер ќе биде прикажана пред публиката во Струмица.