Претставата „Сопружници“ ќе биде изведена по повод 10 години Народен театар Охрид
По повод роденденот и 10 години Народен Театар Охрид ќе биде изведена претставата “Сопружници” режија на Драгана Таневска во ЧЕТВРТОК (03.06.2021) со почеток во 20:00 часот, цена на карта 200 денари.
Играат:
Гејб – Ивица Цонев
Џуди – Елизабета Стефановска
Џек – Никола Тодороски
Сали – Адријана Билаловиќ Тодороска
Мајкл – Филип Кипровски
Сценограф – Борис Далчев, Ванчо Василев
Костимограф – Ванчо Василев
Инспициент – Филип Ангеличин – Жура
Светло – Борис Велјаноски
Тон – Митко Серафимоски
Избор на музика – Драгана Таневска
Дизајн на плакат – Борис Далчев
“Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – Драгана Таневска.
Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба од денес (31.05.2021) на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид.
Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066. СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!