29/03/2024
Охрид

Претставата „Стаклена менажерија“ на 12ти април пред охриѓани

На 12ти април, со почеток во 20:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одигра театарската претстава „ Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс.

Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски. Истата е во режија на Софија Ристевска Петрушева., превод: Јасмина Петровска, сценограф: Михаел Димитровски, кстимограф: Андреј Ѓеоргиевски, кореограф: Кире Миладиноски, фото и дизајн: Петар Тасевски.

„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби.“ – вели режисерката Софија Ристевска Петрушева.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарницата при НУЦК „Григор Прличев” – Охрид.