29/03/2024
Дебрца

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ во посета на Општина Дебрца

Теренските посети на ВМРО-ДПМНЕ ширум републиката не запираат. Претставници на партијата денес беа во посета на Општина Дебрца, при што ги посетија населените места Белчиште, Водино, и Оровник.

Граѓаните од оваа општина викаат дека власта е глува на нивните проблеми и тие се целосно заборавени. Ниту локалната а ниту централната власт во овие две години немаат ништо направено за да им го подобрат животот, напротив откако е СДСМ на власт секојдневно се повеќе осиромашуваат.

Власта не оствари ниту едно ветување, ништо не е направено, нема инвестиции, нема нови работни места. Младите секојдневно си заминуваат, а нашите населени места остануваат празни велат жителите на овие населени места.

Големите ветувања на власта од пред изборите сега се претворија во големи разочарувања, и додека власта си ги вработува своите семејства и граба државни тендери, тукашното население е се посиромашно. Затоа велат дека неопходни се предвремени парламентарни избори, затоа што секој изминат ден со СДСМ на власт значи поголема сиромаштија за граѓаните на Дебрца и на Македонија.