28/03/2024
Охрид

Претставници од општина Охрид во посета на Сафранболу – Турција

Делегација на општина Охрид, предводена од Емин Селман и Сашо Котели  беше на одбележувањето на Патрониот празник – Денот на детето  на   турската општината Сафранболу.

Во рамки на посетата   беше остварена работна посета со  градоначалничката на општината, Елиф Косе и со  Кајмакамот кој е одговорен во делот на образование, туризам и култура на национално ниво. На средбата се разменуваа искуства во овие области, а се разгледуваа и можностите за реализирање на заеднички проекти.

Градот Сафранболу во Р.Турција е под заштита на УНЕСКО.