29/03/2024
Македонија

Превентивна кампања „ВОЗИ ОДГОВОРНО! ВОЗИ ОДМОРЕН!”

Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот денеска кај наплатната станица „Градско“ продолжија со едукативно превентивната акција „ВОЗИ ОДГОВОРНО! ВОЗИ ОДМОРЕН!”. Целта на кампањата е да се потсетат возачите за влијанието на заморот, за последиците од сообраќајните незгоди предизвикани од заморот и да се поттикнат да прават повеќе паузи, да консумираат повеќе течности, да патуваат одморени и наспиени и да го запрат своето возило веднаш штом ги почувствуваат првите знаци на замор.

Покрај брзото возење и алкохолот, заморот е една од главните причини за предизвикување на сообраќајни незгоди во летниот период. Особено критична е делницата од граничниот премин Табановце до Гевгелија и обратно, каде што секоја година се случуваат по неколку сообраќајни незгоди со тешки последици.

Имајќи ја во предвид ваквата состојба, МВР и РСБСП во текот на летниот период, во двата правци на коридорот 10, организираат превентивно едукативни активности под мотото „Вози одморен“.