20/04/2024
Охрид

Презентација на предлог програмата за „Заштита на луѓето од кучешки напади“

Утре во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 12 часот ќе се одржи презентација на предлог програмта за „Заштита на луѓето од кучешки напади“ која ја изготви Ефто Стојаноски, дресер на кучиња, а ќе ја предложи до Владата на Р Македонија.

Со оваа програма вели Стојаноски многу подобро ќе се заштитат и малите деца и бебиња, а истовремено ќе се заштитат и домашните животни и другите кучиња.

„Колку подобра заштита на луѓето од кучешки напади толку подобра заштита и на самите кучиња од масовни труења и убивања“, вели Стојаноски.

Презентацијата е од отворен тип и на неа може да присуствуваат сите заинтересирани граѓани кои ќе имаат можност да поставуваат и прашања.