При крај е изведбата на нова бушотина за подобрување на водоснабдувањето во Требеништа, Горенци, Оровник и Подмоље
Активностите на локалната самоуправа предводена од Градоначалникот Зоран Ногачески од СДСМ, како и Јавното претпријатие за комунални дејности предводено од Директорот Игор Крцоски од СДСМ, не застануваат дури и во овие оттежнати услови предизвикани од Корона вирусот.
Тие се постојано на терен, ги препознаваат проблемите и потребите на граѓаните и секојдневно изнаоѓаат решенија во корист на локалното население.
Во моментов се решава децениски проблем со водоснабдувањето во селата Требеништа, Горенци, Оровник и Подмолје.
Во завршна фаза е проектот за изведба на нова бушотина за водоснабдување во село Требеништа и со изградбата на нова пумпна станица ќе се обезбеди подобрување на водоснабдувањето за селата Требеништа, Горенци, Оровник и Подмолје.
Вредноста на проектот изнесува околу 1.200.000 денари, а средствата ќе се обезбедат од Буџетот на општина Дебрца.
Овој горлив проблем со години наназад го мачеше локалното население на гореспоменатите села, но оваа власт го препозна и изнајде начин за негово решавање.
Тоа е одлика на власта предводена од СДСМ, и затоа на сите жители на Дебрца им е јасен изборот на 15 јули.
Затоа што ние покажавме дека #Moжеме! Уште повеќе, Уште подобро! – стои во соопштението од СДСМ Дебрца.