18/04/2024
Охрид

При крај подготовките за Охрид-фест 2020

Се вршат последните подготовки за претстојниот „Охрид-фест“: песните се готови, пејачите во топ форма, сцената на Долни Сарај стокмена за промоција на новите фолк композиции. Одбројуваме!

Како што веќе информиравме, музичкиот летен фестивал, „Охрид- фест 2020“, годинава ќе ја одржи традицијата и контунтинуитет долг 27 години во петок, на 11 септември, со одржувањето на Фолк- вечерта.

Годинава, поради неизвесноста предизвикана со пандемијата на Ковид- 19, не се одржуваат Интернационалната и поп вечерта, и покрај големиот интерес на популарните имиња од Балканот, и 15 телевизиски куќи од Бугарија, Албанија, Србија, Турција, Словенија.., кои континуирано го пренесуваа фестивалот.

Сепак, не очекува прекрасна фолк- вечер, на најубавата сцена на Балканот, каде ќе настапат- Анита Бошкова, Гордана Микиќ, Мишко Микеле Србиноски, Зоран Христов, Милован Секулоски и Позитив бенд, Јуле Николовска, Методија Столески, Јовица Мицевски Бамбус, Добрила Чабриќ, Анета Арсовска, Катерина Брезева и Соната, Нино Величковски, Баже Груевски, Ирена Спасовска, Скопски боеми, Ибро Лабунски, Петар Нечовски, Барбара, Благица Павловска…, се на се, ќе слушнеме 19 композиции, што гледачите можат да го проследат преку директниот пренос на МТВ во 20,15ч.

Водителката на „Охрид-фест“ е Каролина Петковска, во ревијалниот дел ќе настапи Перо Христов, а наградата за промоција на музиката на Балканските простори му припадна на Ненад Нинчевиќ од „Тути фрути“ бенд.

Годинава и гласањето е поинакво, топ листата на наградените ќе ја креираат гласовите на публиката од радијата.

УЧЕСНИЦИ ВО ГЛАСАЊЕТО

1.Никола Фириев – Македонско радио – Радио Скопје

2.Божана Ќулавкова – Радио Голди Велес

3.Трајанка Ѓорчева Митрова – Радио Кавадарци

4.Радио Роса – Скопје, Радио Роса Македонско Народно Радио

5.Супер Радио Охрид – Даниела Спасиќ

6.Радио Александар Македонски Кичево – Илија Ило таневски

7.Слушателите на 103.3 МАК ФМ Радио од Перт Западна Австралија кое има 24 часовна програма

8.Бошко Рајчовски Преспански – Македонска Радио програма “Оро македонско” Детроит и Чикаго, прво радио во дијаспората , кое постои 52 години

9.Ристе Спировски – екс уредник и водител на Македонската радио програма Воице оф Мацедониа – Чикаго

10.Татјана Нешковска – радио водител ВОЏ ФМ – Волонгонг

11.Сузана Митева –2ХХ Канбера

12.Јон Треноски – радио Македонски Корени и Македонска Лоза – Сиднеј

13.Македонска програма со Лидија и Васко Ангеловски на Зззз Мелбурн Австралија

14.Симе Бричот – Текстописец и Радио водител Сиднеј

15.Ицо Најдовски Перин – Мелбурн

16.Венци Панов, музичар и бизнисмен – Сиднеј

17.Драган Јаким претседател на Етно Ризница – Куманово

18.Игор Трајковски – Уметнички директор на Тумба Фест – Куманово

19.Горан Кукиќ – Естраден уметник

 

 

ОФИЦИЈАЛЕН РЕДОСЛЕД НА УЧЕСНИЦИТЕ

 

1. Анита Бошкова – Моја ти си судбина

  Муз Иво Горов Ар. Ц.П.Дундарак Т. Анита Бошкова

2. Гордана Микиќ – Еј да беше судено

  Муз и Т. Томислав Коцевски Пепси Ар. Дејан Миленковски

3. Мишко Микеле Србиноски – Песна горчлива

Муз и Ар. Горан Милошески Бато Т. Огнен Неделковски

4. . Добрила Чабриќ Ивановска – Мој Охриде

Муз Иво Горов Т. Огнен Неделковски Ар. Дејан Миленковски

 5. Петар Нечовски – Побарај среќа

  Муз и Т. Енвер Рашити Ар Јовица Каралиевски

6. Нино Величковски – Чувај не’ песно

Муз Филип Неделковски Т. Огнен Неделковски Ар. Петар Кан

7. Зоран Христов – Ќе те носам на југ

Муз Иво Горов Ар. Ц.П. Дундарак Т. Огнен Неделковски

8. Ибро Лабунски – Анѓо моја судбино

  Муз и Ар Ибро Лабунски Ар. Суад Усеин Цуле

9. Милован Секулоски и Позитив бенд – Животот е еден

  Муз и Т. Милован Секулоски Ар. Гоце Цоцески

10. Јуле Николовска – Дали може

  Муз и Т. Огнен Неделковски Ар.Љупчо Соколовски

11. Методија Столески – Играј моме убаво

Муз и Ар. Ц.П.Дундарак Т. Огнен Неделковски

12. . Јовица Мицевски Бамбус – Од бога ти е дадено

Муз и Т. Томислав Коцевски Пепси Ар. Дарко Илиевски

13. Анета Арсовска – Зароси љубов

Муз и Ар. Цане Петров Т. Анита Бошкова

14. Благоја Грујовски – Не се будам без тебе

Муз Иво Горов Т. Огнен Неделковски Ар. Љупчо Соколовски

 15. Катерина Брезева и Соната – Кажи ми кажи

Муз и Ар. Петар Кан Т. Драган Матески

16. Ирена Спасовска – Кокиче

Муз и Т. Горјан Стојановски Ар. Цане Петров

17. Скопски Боеми – Љубовта е скапа играчка

Муз и Ар Цане Петров Т. Огнен Неделковски

18. Барбара Јаковлеска – Гали ме гали

Муз и Ар. Петар Кан – Т. Петар Кан и Драган Матески

19. Благица Павловска – Невреме

Муз и Т. Блаже Темелков Ар. Дарко Тасев