28/03/2024
Струга

При преглед во возило, пронајдена дрога кај тројца стружани на патот Вишни- Струга

На 13.11.2020 во 20.00 часот, на патот село Вишни- Струга, полициски службеници, извршиле контрола на патнички автомобил Рено Меган“ со струшки регистарски ознаки. При преглед во возилото, во кое се наоѓале А.М.(22), И.Р.(22) и И.Ж.(24), сите од Струга, пронајдена и одземена е опојна дрога Марихуана.

Лицата се приведени и против нив, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.