24/04/2024
Струга

При претрес во дом и помошни простории кај стружанец пронајдено оружје

На 19.07.2019 во 02.30 часот, врз основ на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на С.Л.(53) од Струга. При претресот биле пронајдени и одземени воздушна пушка „ГАМО Делта Фокс“, ловна пушка „Застава“, 50 куршуми калибар 7,65мм; 22 малокалибарски куршуми; осум патрони калибар 7,6мм; пет патрони калибар 8,5мм; еден куршум непознат калибар, мобилни телефони и три кутии со алат за насилно обивање на врати. По целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.