20/04/2024
Струга

При претрес во домот на стружанец пронајдена дрога

Надворешната канцеларија за кривични работи Струга поднесе кривична пријава против Б.Л.(38) од с.Октиси,струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 01.07.2019 во 12.30 часот во с.Октиси, струшко, полициски службеници при претрес во домот на пријавениот пронашле и одзеле марихуана.