28/03/2024
Македонија

Прием на делегација од Сојузот на здруженија на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – „Македон”

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска прими делегација од Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – „Македон” и членови на секретаријатот на Петтата светска средба на децата бегалци. Изразувајќи благодарност за приемот, тие го информираа претседателот Иванов со тековните активности во однос на финалната подготовка и организација за Петтата светска средба на децата бегалци, што ќе се одржи на 30 јуни и 1 јули во Скопје и Катланово. На средбата, делегацијата изрази поддршка за ставот на македонскиот претседател во однос за Законот за ратификација на Спогодбата со Република Грција.