26/04/2024
Охрид

Прифатена иницијативата на Левица за двосменско работење на градинките во Охрид

Партијата Левица – Локален огранок Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„На состанокот кој советничката на Левица, Виолета Аврамоска го одржа со претседателот на Советот, Сашо Донев и директорката на детската градинка „Јасна Ристеска”, беше одлучено да се преземат почетни активности за спроведување на двосменско работење во градинките.

На состанокот беа донесени следниве два заклучоци:

1. Директорката да побара одобрение од Министерството за труд и социјална политка за спроведување на анкета на територија на општина Охрид за потребата од двосменско работење на детските градинки на територија на Општина Охрид

2. Да се изработи студија за потребниот персонал и финансиска анализа.

Откако ќе бидат завршени овие процедури, иницијативата ќе биде ставена на дневен ред на седница на Советот на Општина Охрид.

Ја информираме јавноста дека ова е подолг процес кој ќе трае повеќе месеци, а Левица будно ќе ја следи координацијата помеѓу централната и локалната власт. Ова не е иницијатива за целодневен престој на децата во градинка, туку двосменско работење, во зависност од работната смена на родителите.

Очекуваме министерката Јована Тренчевска сериозно да пристапи кон реализацијата на оваа иницијатива, имајќи ги во предвид потребите и барањата на сите жители на Охрид.“ – стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.


WebOhrid / 19.09.2022 / Левица ЛО Охрид