16/04/2024
Охрид

Пријавено семејно насилство во Охрид

На 20.07.2019 година околу 20 часот и 30 минути, И.Л.(76) од Охрид, пријави семејно насилство и загрозување на сигурноста извршено од О.Л.(37) во нивниот семеен дом.

При обид за негово приведување, тој физички им се спротивставил на полициските службеници упатувајќи им навреди и закани. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид, против О.Л. ќе поднесе соодветна пријава.