07/12/2024
Македонија

Пристигнаа нови 10.530 дози од вакцината на производителот ,,Фајзер”

Денеска пристигнаа нови 10.530 дози од вакцината на производителот ,,Фајзер” од кои 5850 се преку директни преговори со производителот, а 4680 дози кои ЕУ ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Јуроп“ (Team Europe).

Оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан ја координира Австрија.

Количините на вакцини постојано се дополнуваат, апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk  вели министерот за здравство д-р Венко Филипче.