19/04/2024
Македонија

Притвор од 30 дена за криумчар на мигранти

Регионалниот центар за гранични работи Југ до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Р.Ф.(41) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело “криумчарење на мигранти” по член 418-б став 4 од Кривичниот законик на РМ. Од страна на судија за претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Како што веќе информиравме на 01.09.2018 година во 17,30 часот на автопатот Гевгелија–Скопје, кај село Прдејци, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор Богородица, било забележано патничко моторно возило „Хонда“ со скопски регистерски таблици во кое имало мигранти, како со голема брзина се упатило во правец кон Скопје. Полициските службеници се упатиле по возилото и после клучката Миравци, возилото запрело, мигрантите излегле од него а возилото продолжило со движење. По кратко време возилото е сопрено, а го управувал Р.Ф.(41) од село Сингелиќ, скопско. Биле пронајдени и 14 лица-мигранти, од кои 11 лица од Авганистан и тројца од Пакистан.