29/03/2024
Македонија

Притворен маж од Арачиново, расчистено кривично дело „убиство“

На 15.11.2019 Секторот за внатрешни работи Скопје со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје го предаде Б.Р.(28) од с.Арачиново, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „убиство“, предвидено и казниво по чл.123 од КЗ на РСМ, кое го извршил на 18.08.2019 околу 17.20 часот, на ул.„21“ бр.152 во с.Мојанци, кога поради меѓуфамилијарно нетрпение, со употреба на огнено оружје му нанел тешка телесна повреда на З.А.(30) од с.Арачиново, кој на 09.09.2019 во ЈЗУ УК „Св.Наум Охридски“ – Скопје, починал како последица на нанесената повреда.

На 18.08.2019 околу 16:00 часот во с.Мојанци, А. А., брат на починатиот З.А., по кратка вербална расправија околу напасувањето на добитокот, физички го нападнал А.З., татко на пријавениот и му нанел тешка телесна повреда. Подоцна, околу 17.20 часот, на ул.„21“ бр.152 с.Мојанци, Б.Р. кон З.А. испукал неколку куршуми од огнено оружје.

По преземени мерки, Б.Р. е приведен и предаден на ОЈО Скопје, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор.