13/07/2024
Охрид

Притворени две лица од Скопје кои ограбиле охриѓанка во нејзиниот дом

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против О.Х.(18) и Ѓ.Д.(19), двајцата од Скопје. Судија од предходна постапка од Основниот суд Охрид, им на одреди мерка притвор од 30 дена, а потоа спроведени во Казнено поравната установа Затвор Охрид.

Тие, казненото дело го извршиле на шести октомври оваа година, во домот на оштетената Н.Д.(76) на улицата „,Абас Емин“ во Охрид, каде престојувале во изнајмена соба. Во текот на ноќта, сега пријавените затропале на нејзината врата и откако оштетената им отворила, веднаш ја нападнале и го одзеле златниот ланец и обетките, а од ташната одзеле 6000 денари.