19/04/2024
Македонија

Приведен 23-годишен крадец од Скопје

На 17.10.2020 полициски службеници од Полициска станица Карпош го лишиле од слобода С.Р.(23)од Скопје, постапувајќи по пријава на П.В. дека во близина на крстосницата на бул.„Партизански одреди“ со „Московска“ едно лице со закана од неговиот малолетен син одзело пари од неговата чанта.

С.Р. е приведен во Полициска станица Карпош за понатамошна постапка и кај него се пронајдени одземените парични средства.По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.