25/04/2024
Македонија

Приведен 29 годишниот Е.М. од Скопје заради разбојништво во „Халк Банка“

Секторот за внатрешни работи Скопје со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје го предаде лицето Е.М. (29) од Скопје, поради основи на сомнение дека на 03-ти овој месец извршил кривично дело – “разбојништво“.

Според документираните сознанија од истрагата, пријавениот заедно со уште две, засега непознати лица, на 03.11. околу 09,25 часот на ул.“Александар Урдаревски“ во експозитура на ХАЛК БАНКА извршил кривично дело – “разбојништво“ врз четири вработени во банката и врз еден од клиент, при што одзел околу 1.200.000 денари.

Како што МВР претходно информираше околу овој настан, сега пријавениот Е.М. заедно со две непознати лица дошле во близина на експозитура на „Халк Банка“, ставиле фантомки на главите и влегле во банката, при што Е.М. и едно од двете лица извадиле пиштоли упатувајќи закана по живот кон вработените барајќи да им ги дадат парите. За време на извршувањето на кривичното дело одзеле 1.150.000 денари пари од банката и уште 50.000 денари пари на оштетениот клиент кој во тоа време се затекнал во банката, по што тројцата сторители избегале во непознат правец.

По ова од страна на полициски службеници од Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Чаир преземени се сеопфатени оперативни мерки и активности, при што Е.М. е лишен од слобода и приведен во ПС ОН Гази Баба.