25/04/2024
Струга

Приведен албански државјанин на ГП „Ќафасан“

На 13.01.2023 во 08:30 часот на Граничен премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода П.Л.(32) од Република Албанија.

При пасошка контрола и извршени проверки било констатирано дека лицето евидира на Стоп-листа со мерка „Апси“ по телеграма од ОВР Струга.

Лицето било предадено во Полициската станица Струга за понатамошна постапка.


WebOhrid / 14.01.2023 / МВР