23/04/2024
Струга

Приведен албански државјанин на ГП Ќафасан кој се барал по потерница од Интерпол

На 02.06.2023 во 18.30 часот на Граничниот премин Ќафасан на влез во државата бил лишен од слобода Е.Б.(44) од Р.Албанија, бидејќи при извршена гранична контрола било утврдено дека се бара по меѓународна потерница од Интерпол.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.