20/04/2024
Македонија

Приведен дилер на дрога од Неготино- пронајдени хероин, кокаин, марихуана…

На 19.02.2018 година, на подрачје на Неготино по добиени оперативни сознанија, полициски службеници од Одделот за крим полиција –Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Секторот за внатрешни работи Велес презедоа координирани мерки и активности, а при извршен претрес во домот и други простори кај лицето А.Т (41) во Неготино пронајдени и одземени се: 1,5 килограми наркотична дрога марихуана, 20 таблети екстази, 36 шишиња метадон, како и околу 10 грама кокаин, околу 110 грама хероин, една дигитална вага и 36.000 денари, за кои постои сомнение дека потекнуваат од продажба на наркотична дрога.

Пријавениот А.Т наркотичната дрога ја продавал на лица -уживатели од подрачјата на Неготино, Кавадарци, Демир Капија, Валандово и Струмица. А.Т. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава за „недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстаници“ и истиот ќе биде предаден на надлежен судија за понатамошна постапка.