25/04/2024
Македонија

Приведен дилер на дрога од Тетово, при претреси пронајдена дрога и пиштол

Денеска (18.05.2021) во 12.20 часот од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово бил лишен од слобода Б.Б.(21) од Тетово.

Имено, при извршени претреси во дом и помошни простории во с.Боговиње и на ул.„Штипска“ во Тетово била пронајдена поголема количина марихуана и пиштол , кој го поседувал без дозвола. Дрогата е предадена на вештачење, а Б.Б. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, согласно чл.215 од Кривичниот законик.