16/04/2024
Македонија

Приведен крадец кој извршил 23 тешки кражби

Полициски службеници од Полициската станица Берово, по преземени оперативни мерки, во туристичката населба Абланица, од слобода го лишиле З.С. (50) од село Вирче, делчевско. Против него претходно беше распишана потерница поради бегство од Казнено поправната установа Штип, како и поради сомнение дека во периодот од 18.11.2017 година до 19.01.2018 година сторил вкупно 23 кривични дела „тешка кражба“ и една „кражба“ во туристичка населба „Абланица“, беровско. Сите дела се утврдени врз основа на направените проверки, вештачења и други материјални докази.

При претрес во домот на З.С. во с.Вирче биле пронајдени и одземени ножеви, секира, тесла, прехранбени продукти, ранец, торби и други предмети кои потекнуваат од извршените кривични дела.

По приведувањето, со З.С. бил извршен разговор, при што тој ги признал делата и објаснил како ги сторил. Против З.С. ќе биде поднесена кривична пријава.