24/04/2024
Македонија

Приведен крадец, расчистена тешка кражба

На 07.01.2022 во 09,30 часот на подрачјето на Чаир од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода А.Ѓ.(21) од Скопје поради извршено кривично дело тешка кражба во продавница лоцирана на ул.“Хаџи Јованов Шишко“, извршена на 01.01.2022.

Со него бил извршен службен разговор во кој појаснил дека кривичното дело го извршил заедно со Л.М.(19) од Скопје, а кој живеел во Велес и дека одземените предмети ги продал на Ѓ.Ј.(34) од Скопје. Извршен е службен разговор ис ос Ѓ.Ј. и по целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.