24/04/2024
Македонија

Приведен крадец, расчистени три кривични дела

На 06.12.2020 полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Гази Баба привеле малолетник од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело „тешка кражба“.

Со лицето е извршен разговор, при што се расчистени три кривични дела „тешка кражба“ извршени: на 08.09.2020 во продажен објект, при што се одземени повеќе разновидни производи, на 09.09.2020 во продажен објект, при што се одземени парични средства и на 18.11.2020 во викенд куќа во нас.Дрма, при што се одземени разни предмети.

По комплетирање на службениот материјал и негово документирање, против него ќе следи соодветна пријава.