25/04/2024
Македонија

Приведен криминалец баран за шверц на 100 килограми марихуана

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска (9март) околу 17 часот и 20 минути, на улица “Светозар Пеповски” во Гостивар , со наредба од Основно јавно обвинителство Скопје, го лишиле од слобода 38-годишниот гостиварец Е.М., поради сомнение за негова инволвираност во случајот од 15 декември минатата година, кога на наплатната станица Глумово беше фатено товарно моторно возило со 100 килограми марихуана.Е.М. извесно време бил во бегство надвор од нашата земја, а денеска, откако е приведен, ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор “Скопје” во Скопје за издржување на определениот 30-дневен притвор.