Приведен криминалец- македонски државјанин во Хамбург баран со потерници, осуден на 17 години затвор

На 06.04.2021 во Хамбург полициски службеници од Единицата за потраги по лица во Хамбург, Германија во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР го лишија од слобода македонскиот државјанин К.Д., кој се барал со потерници за издржување на вкупна затворска казна од 17 години.

К.Д. е осуден за повеќе кривични дела, меѓу кои разбојништво, поголем број тешки кражби, измами и фалсификување на документи и ќе биде спроведен за издржување на затворската казна. Оваа акција е резултат од успешната соработка на МВР со германската полиција, која се одвива со поддршка на ИПА проектот 2019 “Countering serious crime in the Western Balkans”.